Давор Стојановски : ГРЕЈС КЕЛИ НЕ ПИЕ БАМБУС

(English version below)

Содржина:
Една голема семејна трагедија од минатото и натаму ги одржува во врска АНАБЕЛ и ВАХЕЛ, иако сегашноста ја минуваат еднолично и во исчекување еден од нив засекогаш да го напушти другиот. МАРИЈА, поранешната девојка и големата љубов на Вахел, им се најавува на гости со ВЕРЕНИКОТ. Меѓутоа, вереникот им го носи мртов, тврдејќи дека го убила без предумисла, и сега ги моли за помош. Во куќата им носи уште еден ненајавен гостин – нејзиниот брат што се облекува и се претставува како ГРЕЈС КЕЛИ, чие постоење досега го криела од Вахел. Братот има ужасни трауми од детството, поради што е сместен во душевна болница. ТАНИЈА, неговата негувателка, тајно вљубена во него, ги лажира извештаите и намерно го задржува на третман. Откако го дознава тоа, Марија прави план да го ослободи брат ѝ, најпрво заведувајќи го управителот на болницата (мртвиот вереник), а потоа киднапирајќи го својот брат. Влегувањето на Грејс во животот на Анабел и Вахел го менува нивното секојдневје и ги тера да размислат за својата врска и за иднината, која, сепак, може да биде светла и покрај најголемиот мрак на минатото.

За авторот:

Магистрира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Дел од неговото творештво е објавен во домашни и во странски антологии и книжевни списанија. Добитник на наградата Роман на годината на Утрински весник за „Собирачи на пепел“ (2016, Или-или). Добитник на откупна награда за краток расказ на Нова Македонија за „Соба со тенки ѕидови“ (2011). Во рамките на Фестивалот на урбани уметности (2006) се изведува неговиот драмски текст „Болка“ во „Мала станица“. Членувал во бендот Foolish Green со кои го објавува албумот Escape (2013). Работел како копирајтер во маркетинг-агенција и како уредник во издавачка куќа. Преведува од словенечки на македонски.
***

Davor Stojanovski

GRACE KELLY DOESN’T DRINK BAMBUS

 

SUMMARY OF THE TEXT:

A terrible accident and a tragic loss seems to be the only thing that holds ANABELLE and VACHEL together, although their day-to-day life is dull and repetitive, and both of them expect the other one to leave for good. MARIA, Vachel’s ex-girlfriend, pays the couple a visit. Much to their shock, she arrives at their house carrying the dead body of her FIANCÉ. She confesses the involuntary manslaughter and asks the couple for help. However, she brings one more visitor with her – her cross-dressed brother who introduces himself as GRACE KELLY. Maria has kept his existence a secret from Vachel until now. Because he suffers from a serious childhood trauma, Grace was submitted to a psychiatric hospital. TANIA, Grace’s nurse, is secretly in love with him and she continuously files false statements about his condition in order to prolong his treatment at the hospital. When Maria finds out about this, she plots to release her brother, by seducing the hospital’s manager (the dead fiancé) and kidnapping Grace. Meeting Grace Kelly will change Anabelle and Vachel’s everyday life forever, and will inspire them to take a critical look at their relationship and future, which could be much brighter, despite the dark past.

 

SHORT BIOGRAPHY OF THE PLAYWRIGHT:

Playwright, writer, poet, translator and musician. He holds an M.A. in Macedonian Literature, has worked as a copywriter and proof-reader. Translator from Slovenian to Macedonian. His second novel Собирачи на пепел (Collecting ashes) won Macedonia’s most prestigious award – “Utrinski Vesnik” Novel of the Year in 2016. Author of 2 more novels and 1 poetry book. He has staged his play Болка (Pain) at the 2006 Skopje Urban Arts Festival at the Multimedia Center Mala Stanica. His work has been published in many anthologies and literary magazines. Former member of the band Foolish Green.

 

ORIGINAL LANGUAGE OF THE PLAY: Macedonian

CITY AND YEAR OF WRITING: Skopje/Ludmannsdorf 2020

NUMBER OF CHARACTERS F/M: 6 (3 F, 2 M, 1 F/M)

STRUCTURE: 2 acts, 1 scene each

APPROXIMATIVE LENGTH: 1h 40m

SETTING: One living room

CONTACT: davor.stojanovski@gmail.com